Магазин

(ВИДЕО) Мила Москов денеска ќе пее за Македонија на „Детскиот Евросонг“, да гласаме за Мила

Денеска од 16. часот со директен пренос на првата програма на МРТ ќе можеме да го следиме директниот пренос од Полска, од Детскиот Евросонг на кој не претставува Мила Москов. Таа беше повеќе од одлична на пробите на детскиот Евросонг кој годинава се одржува во Гливице, Полска. Нашата претставничка имаше одличен настап со песната „Fire“ на Лазар Цветковски, а останува и денес на големото финале, да ги потврди своите квалитети. На финалето нашата претставничка ќе настапи под реден број 4.

Она што е различно од сениорската Евровизија е дека тука секој ќе може да гласа за сопствената земја. Токму затоа ви пренесуваме кој е начинот да гласате за Мила и да ја подржиме нашата земја.

Прво ќе одите на линкот https://vote.junioreurovision.tv/ и откако ќе го изгледате кусото видео со сите претставници ќе ви се отвори линкот https://vote.junioreurovision.tv/ на кој ќе можете да го дадете својот глас. Можете да изберете од 3 до 5 изведувачи. Потоа ќе треба да исполните едноставна математичка задача од стилот 7+3 = 10 и го заокружувате гласањето.

На почеток