Македонија

Денес променливо облачно со магла и локален дожд

Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 12 степени, а дневната од 9 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со утринска температура до 7 степени, а дневна температура до 13 степени.

Во понеделник, под влијание на циклонска активност времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови.

фото: Архива

На почеток