Скопје

Вработен во станица за технички преглед парите ги задржал за себе, наместо да ги уплати

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против полицискиот службеник С.Ф.(31) од Скопје, референт за моторни возила во станица за технички преглед во населба Пинтија во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во мај 2016 година, пријавениот од граѓанин на рака примил 12.808 денари за регистрација на увезено патничко возило „Фолксваген Голф“. Од вкупната сума, тој требало да уплати 7272 денари за осигурителна полиса и 5536 денари за зелена карта. И покрај тоа што биле подготвени сите документи, тој не ги уплатил сумите, туку целиот износ го задржал за себе.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top