Свет

(ВИДЕО) Најмалку 11 загинати во поплавите во Јордан

Потрагата по исчезнати продолжува , соопштуваат јорданските власти. Поплавите погодија неколку области , меѓу кои и историскиот град Петра , каде се евакуирани стотици странски туристи.

Меѓу туристите од целиот свет , има и Македонци , кои морале да бегаат пред надојдените води во древниот град Петра. Скопјанецот Стево Новковски вчера моррал да се спасува пред силните води во близина на познатата светска туристичка дестинација.

Вчерашните поплави следуваат по големите поплави во близина на Мртвото Море , во кои загинаа над 20 лица , од кои повеќето деца , кога ученички автобус се преврте во надојдените води.

На почеток