Скопје

Скопје ќе испрати екипи со термални дронови кон Албанија, за пронаоѓање на преживеани под рушевините

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ќе побара од Советот на градот да се донесе одлука за доделување помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Албанија. Тој вели дека веќе денес ќе биде испратена екипа со термани дронови за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините.

„Во договор со градоначалникот на Тирана, Град Скопје кон Драч ќе упати специјална екипа опремена со термални дронови за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините. Правиме се’ што е можно за помош во овие трагични моменти“, истакна Шилегов.

На почеток