Меѓу повеќето снимки од земјотресите во Албанија, објавена е една и од утринските вести на News 24 на која се гледа како телевизиското студио се тресе додека на екраните оди видео прилог за состојбата по силниот земјотрес во 3.55 часот.
Повеќе потреси ја погодија Албанија, од кои два посилни рано утринава, а вториот над 6 степени по Рихтер е токму снимен во телевизиското студио. Бројот на жртви постојано расте, а многу повеќе на повредени од земјотресот.
Целиот регион и Европа и понудија или веќе упатија помош во Албанија за справување со последиците.