Дали некој ќе одговара за направената штета во МНТ за време на роденденската забава за навивачите на фудбалскиот клуб Шкупи. Владата формираше работна група од раководството на Министерството за култура и МНТ и ја задолжи да го информира премирот, кој го побарал, одобрил и организирал јубилејот на „Шверцерите“.
„Јас ќе очекувам информации директно од владата, да бидеме информирани од ресорното министерство за култура и секако и од организаторот и министер за политички систем точно што се случило, односно секој што може да ни даде информации за да можеме да ја информираме јавноста како се случил настанот кој е одговорен за тоа дали има штети или не, односно се што јавноста сака да дознае“ – рече премиерот Зоран Заев.
Според директорката на МНТ Симона Угриновска, никој официјално не побарал изнајмување на салата за прослава, туку како што кажа таа пратеникот од ДУИ, Артан Груби телефонски најавил дека во театарот дека после церемонијата за Денот на албанската азбука, ќе прикажат и документарец поврзан со истата тема, но навивачи не спомнал.
Како и да е јавноста очекува наскоро да се обелодени вистината околу тоа кој е организатор на прославата во МНТ и истиот да си ја превземе одговорноста и да ја надомести штетата.
фото: Архива