Затвореникот Б.Р. (42 г.) од с.Студеничани завршил на комплексот клиники „Мајка Тереза“ откако по расправија со лицето С.Б. (35 г.) во ќелијата се здобил со повреда нанесена од остар предмет.
-Вчера во 20:05 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Идризово било пријавено дека затвореникот Б.Р.(42) од село Студеничани се здобил со повреда од остар предмет и бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Според пријавеното, повредата ја здобил околу 18:30 часот во една од ќелииите, откако претходно имал расправија со затвореникот С.Б.(35) од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот – соопшти полицијата.
фото: Архива