Македонија

Единствена Македонија: Дивјаштвото во тетарот е уште една потврда дека законите важат само за Македонците, а не и за Албанците

Поминаат пет дена од вандализмот и дивеењето на албанска навивачка група во театарот на државна сметка, а јавноста со неверување гледа како надлежните органи се плашат да го расчистат овој немил настан во кој се познати инспираторите, организаторите и извршителите.

Марионетската влада е збунета и уплашена и формира некаква комисија за испитување на демолирањето на театарот, со што, директно гази по законите во државата, наместо органите на прогонот да го расчистат случајот по службена должност, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Единствена Македонија на повеќе наврати ја информираше јавноста за случаи во кои законите во државата важат само за Македонците, а не и за Албанците. Дури, припадниците на албанското малцинство толку се охрабрени што на отворена сцена не фермаат Устав и закони и едноставно со наменски соопштенија на навивачката група дури и се заебаваат со надлежните органи, со што продолжуваат со опасни провокации, а државните органи сето тоа само немо го посматраат.

Македонија ќе оди напред само кога законите ќе важат за сите. Единствена Македoнија кажува директно и јасно – ние сме во политиката да ги бркаме таквите кои Македонците во сопствената држава ги направија граѓани од втор ред,се вели во соопштението од Единствена Македонија.

фото: Архива

На почеток