Магазин

Како да се издигнете во кариерата побрзо од своите колеги

Ако работите за голема компанија, сигурно понекогаш се чувствувате како мали риби во огромен аквариум.

Можеби сте се надевале дека ќе се искачите на корпоративното стебло побрзо или сте разочарани дека вештините и напорите ви се игнорирани. Има, начин меѓутоа како да си помогнете сами.Следете ги овие совети и ќе ги надминете своите колеги на патот кон врвот.

Бидете незаборавни. Ако вашиот шеф не знае дека постоите, нема како да очекувате зголемување. Фино потрудете се да го потсетите за себе во соодветни моменти.

Внесувајте предизвици. Нема како да се развиете ако тапкате во место. Зафатете се со најтешките проекти – така ќе покажете решителност.

Документирајте ги успесите. Сте и помогнале на фирмата да заштеди пари или пак ваша иницијатива донела профит? Зачувајте докази за тоа кои ќе ги искористите кога ќе се тркате за повисока позиција.

Изградете пријателски врски со колеги. Нивната поддршка може да е важна. Шефот ќе сака да го издигне повеќе човекот кој се разбира со екипата.

Организацијата треба да е на ниво. Работете по план секој ден. Шефот ќе се импресионира од ефикасноста која ја имате.

Мислете на долг рок. Ако вашиот шеф има некаков проблем, кој сега ви се чини безначаен, сепак помогнете му да го реши. Овие нешта се паметат и за некое време ќе ви бидат плус.

Стојте секогаш на ниво. Избегнувајте канцелариски озборувања, не бидете мрзливи. Нека вашето однесување да е како човек на позицијата за која сонувате.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток