Додека претседателот на Косово, Хашим Тачи, даваше изјава во Туман, Албанија, земјата ја погоди уште еден силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала. Потресот се случи во моментот кога тој дваше изјава за медиумите.
Тачи во тој момент прекина да зборува и настана паника, а на видеото може да се слушне и врескање.
Потресот се случи во 15 и 45 часот, а беше почувствуван и во нашата земја.