Скопје

Петре Шилегов подготвен за „блек фрајдеј“, еве што порача

Поучени од негативните искуства од минатите години за време на блек фрајдеј со голем број негативни примери за неправилно одложување на отпадот и непрописно паркирање, Град Скопје утре ќе ги засили инспекциските контроли околу шопинг-центрите во Скопје.

„Градските инспектори за патен сообраќај ќе вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, а комуналните инспектори ќе вршат засилени контроли во однос на неправилното одложување на отпадот. Согласно со правилата за третман на отпадот, амбалажата за пакување на големите производи (особено за бела техника) се третира за кабаст отпад и не треба да се одлага во садовите за отпад, што беше честа појава изминатите години околку трговски центри за време на овие попусти“, велат од градот.

Град Скопје ги потсетува потрошувачите за можноста овој вид  отпад да се одложи во cентрите за селекција во Карпош и во Вардариште, без плаќање паричен надоместок.

На почеток