Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(25) од селото Волино, општина Дебарца, поради „узурпација на недвижности“. Тој, како управител и сопственик на правното лице „СТЕФАН ХАР“ ДООЕЛ Охрид, со седиште на кеј „Македонија“ во Охрид, поставил урбана опрема без одобрение за поставување маси и столови на јавна површина и без да плати соодветен надоместок на Општина Охрид.
На 10.07.2019, при извршена контрола, општински комунален инспектор изготвил записник и донел решение за отстранување на урбаната опрема по кој, пријавениот не постапил и продолжил со нелегална работа, соопшти МВР.