Видео и Фото

ВИДЕО: Кој присуствуваше на отворањето на Алипашината џамија?

Од минарето на Алипашината џамија во Охрид, реконструирана од страна на Генералната дирекција на вакафи на Турција, по 107 години се слушна езанот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Алипашината џамија по реставраторските работи со пригодна свеченост беше отворена за богослужба.

На церемонијата присуствуваа заменик министерот за култура и туризам на Турција, Ахмет Мисбах Демирџан, претседателот на Исламската верска заедница на Северна Македонија, Сулејман Реџепи, потпретседателот на Управата за верски работи на Република Турција (Дијанет), Бурхан Ашлиен, амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, генералниот директор на вакафите, Аднан Ертем.

Меѓу останатите, беше и заменик претседателот на Собранието на Северна Македонија, Зекир Рамчиловиќ, охридскиот муфтија Самет Хајдари, заедно со сите муфтии од Северна Македонија, потоа претставници на турските институции во Северна Македонија, претставници на политичките партии во земјава, како и други гости.

https://www.facebook.com/AAmacedonian/videos/587805225309088/

Заменик министерот за култура и туризам на Турција, Ахмет Мисбах Демирџан, го започна својот говор на отворањето пренесувајќи ги честитките на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на турскиот народ.

На почеток