Македонија

Работодавачи внимавајте: Од денес важат нови законски решенија

Минималната плата е загарантирана како 14.500 денари и таа стартува од денеска. Мерката за субвенционирање на платите се однесува на покачување од минимум 600 до максиум 6.000 денари и државата го покрива придонесот за покачувањето. Ако покачат 2.000 денари во ноември со исплата во декември, тогаш тие ја покачиле минималната плата и ќе ги искористат субвенциите за покачување на платата.

Мерките, велат од Владата, се комплементарни една на друга, но тоа, посочуваат, не значи дека сите ќе ја покачат минималната плата користејќи субвенција. Досега 90 илјади граѓани примаа минимална плата од 12.500 денари.

Во државава од овој месец секој вработен нема да добива плата помала од 14.500 денари. Висината на минималната плата по неколкумесечно преговарање беше усогласена преку социјален дијалог со сите социјални партнери, во договор и со синдикатите и работодавачите. Од Владата очекуваат со ова да се зголеми стандардот на работниците, но и да се поттикне натамошно зголемување на платите, кои претходно биле исти или повисоки од сегашната минимална плата. Работодавачите, иако дел сметаат дека ќе им претставува дополнителен товар, се свесни дека пораст на платите мора да има со цел да се задржат работниците.

На почеток