Македонија

Попустите за „Блек фрајдеј“ под лупа кај државниот инспекторат, ќе има ли казни за измамниците?

Државниот пазарен инспекторат ќе соопшти дали имало измами со понудените попусти од страна на трговците за време на „Блек фрајдеј“ во шопинг-центрите.

Од Инспекторатот велат дека во моментов се прават споредбени анализи на претходните и цените на производите што се нуделе за време на „Блек фрајдеј“ (Црн петок), а дали имало и какви неправилности, ќе соопшти утре по скенирањето на ситуацијата.

Казните за измамничко рекламирање се движат од 4.000 до 5.000 евра за трговецот, велат од Инспекторатот.

фото: Архива

На почеток