Македонија

УХМР најави промена на времето

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од -1 до 6 степени, а дневната температура од 13 до 21 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб претежно југоисточен ветер. Утринскaта температура ќе достигне до 2, а дневната до 18 степени.

Во котлините е можна појава на магла.

Во текот на наредните два дена се очекува сончево време, а дневните температури да се искачат над 20 степени. Од среда се очекува  северен ветер кој ќе предизвика постепен пад на дневните температури.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток