Возилата на превојот Стража едвај се движат и разминуваат, откако претходно во снег заглавија тешки товарни возила. На тесниот пат кај Стража, заглавени седат неколку камиони, а автомобилите возат пополека бидејќи подмрзнат е и патот.
Поради непоседување на зимска опрема, со вкчуени четири трепкачи стојат и неколку автомобили, чекајќи машините на Македонија пат да го исчистат асфалтот.
Инаку снегот на Стража почна да паѓа од попладнево и донесе проблеми за возалите. Според оние кои патуваат на патниот правец Гостивар-Кичево, на повисоките предели има поголеми количини на снег, но никој не го чисти патот. Токму снегот направи проблеми и во сообраќајот.