Вчера на магистралниот пат Струмица-Радовиш кај с.Војславци патничко моторно возило „Фолксваген Голф“ со радовишки регистерски таблици, излетало од патот и се превртело.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото Р.С.(21) од с. Лубница-Конче и сопатникот Р.К.(71) од с.Конче.
Повредените биле пренесени во Клиничкиот центар во Штип за укажување на лекарска помош, а потоа Р.С. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Радовиш и се работи на целосно расчистување на случајот.