Македонија

Ако СЈО остане без струја, дел од вработените нема да доаѓаат на работа – кој ќе гарантира безбедност на доказите?

Нема кој да им потпише налози за плати на 80 вработени во Специјалното јавно обвинителство, се заканува исклучување на струјата и водата поради неплатени сметки, но никој не се загрижи за ова. Вработените кои останаа во зградата на СЈО велат дека наскоро ќе нема основни услови за работа, а дел од нив за „Скопје1.мк“ велат дека ако дојде до тоа, дека нема да одат на работа.

Тие се револтирани, бидејќи откако сите обвинители се вратија во своите обвинителства, никој не е заинтересиран да ја среди состојбата во СЈО. Загрижени се и за материјалите кои останаа во зградата, бидејќи како што велат, ако нема стурја – нема да функционираат ниту камерите и безбедносните ситеми, а со тоа се остава простор да се наштети на доказите.

Три месеци, сметките кои доаѓаат на нивна адреса стојат во секторот за финансии, но нема кој да одобри плаќање на истите. Пари има, но нема потпис. Се таложат и сметки за кирија кои СЈО ги редовно ги плаќаше, кои пак, побарувачите можат да ги бараат со затезна камата. Последните платени сметки се за месец август, а според нашите информации, плаќањето го одобрила обвинителката Елизабета Јосифовска, која беше заменичка на Катица Јанева. Мандатот на СЈО е до 15 септември 2020 година, до кога продолжуваат работниот однос на вработените во Обвинителството и тековните обврски на институцијата.

Судбината на вработените во СЈО треба да се реши со новиот закон за јавно обвинителство. Доколку партиите наскоро не се договорат околу ова значајно прашање кое се одолговлекува со месеци, тогаш безбедноста како и трошоците на СЈО ќе бидат доведени во прашање.

На почеток