Скопје

Во Скопје 60 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје на 10/11.11. 2018 година во периодот од 23.00 до 05.00 часот спроведе зајакната акциска контрола за откривање возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол и управуваат моторни возила со брзина поголема од дозволената на подрачјето на Скопје.

„Од страна на полициски службеници контролирани се вкупно 130 возачи, a кај 16 од нив утврдено е присуство на алкохол, додека еден од нив одбил да подлежи на алкотестирање. Откриени се и 47 останати прекршоци за кои се издадени 28 мандатни платни налози и 13 прекршочни платни налози. Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената констатирано е дека 60 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се 56 мандатни налози и четири прекршочни платни налози“, информираат од МВР.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток