Македонија

Русковска: Изречената казна за Кичеец е добра, дали ќе вложам жалба за висината, ќе решам откако ќе ја примам пресудата

Обвинителката Вилма Русковска смета дека изречената казна за Зоран Милески-Кичеец кој е третообвинет во случајот „Рекет“,  е добра.

„Мислам дека изречената санкција е добра. Дали ќе вложам жалба за висината, ќе решам откако ќе ја примам пресудата. Искрено не очекував повика казна затоа што, сепак, е голем распонот на предвидената казна од една до 10 години, досега е неосудуван и најмногу затоа што призна вина пред почеток на главната расправа“, рече Русковска во изјава за медиумите пред Кривичниот суд во Скопје.

Инаку Зоран Милевски – Кичеец останува во куќен притвор, одлучи судот, откако неговиот бранител го побара да се укине за да тој може да се грижи за неговата болна мајка. Кичеец ќе биде во куќен притвор се до правосилноста на пресудата која ја донесе судот. Третообвинетиот во „Рекет“ доби три години казна затвор, за што ќе се жали до повисоките судски истанци.

Според обвинението, Кичеец само договрал средби меѓу Боки 13 и Орце Камечев.

На почеток