Македонија

Јанева и Камчев во судница, Ана Камчева не дојде оти имала температура

Оштетената странка во случајот „Рекет“, Орце Камчев се појави во судот каде треба да даде исказ за тоа што Катица Јанева и Боки 13 барале од него во замена за милионот кој го земале. Во судот не дојде да сведочи неговата сопруга Ана Камчева, со образложение дека има температура.

Во судот беше спроведена и експсецијалната обвинителка Катица Јанева, која е во домашен притвор. Се очекува да биде донесе и Боки 13.

На почеток