Камчев како сведок. Адвокатот на Бојан Јовановски го праша сведокот на обвинителството Јордан Камчев: Кога беше вашата прва средба со обвинетиот Јовановски.
„Педесет средби беа, не се сеќавам кога беше првата. Да ми е девојка ќе се сеќавам. Иницијативата за средбите беше на Јовановски.
Инаку денеска Јордан Камчев се појави како сведок за афетата „Рекет“. Тој кажа дека Боки 13 ја одби нивната понуда од 40.000 евра за реклама за Аџибадем Систина, па потоа пак се сретнале по негово барање за финансирање на изградба на шопинг молови на локација во Карпош 4 кај Гранит“, Камчев додаде дека му било кажано дека проектот чинел 4 милиони евра.
