Во домот кај Бојан Јовановски, на една од средбите кои ги имал со Орце Камчев и Зоран Милевски Кичеец, присутен бил и актуелниот министер за здравство Венко Филипче. Средбата се случила кон средината на март.
– Во ниту еден случај не те наведував да ми вадиш слики од политичари, да ми покажуваш телефонски повици со политичари, да ја носиш Катица Јанева во „Аџибадем Систина“ на операција за слабеење што беше извршена. Бев повикан во твојот дом во присуство на Зоки Кичеец и на министерот за здравство Венко Филипче, одговори Орце Камчев на прашање од Боки 13 за тоа дали свесно злоупотребувал политичари и што правел бизнисменот во домот на Боки.
-Кој беше присутен на средбата во мојот дом меѓу 15 и 20 март, кога зборувавме за бизнис проект?, го праша Јовановски сведокот Камчев.
„Бевме јас, ти, жената што ти чисти, Кичеец и министерот за здравство, рече Камчев, кој на инсистирање на обвинетиот за кој министер станува збор, рече дека бил Венко Филипче.
Камчев додаде дека тогаш му било понудено нешто што го одбил без да прецизира за што станува збор.
фото: Архива
