Свет

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад во централна Атина. Две лица се уапсени за нападот, но деталите околу инцидентот сè уште не се познати во јавноста.

Нападот, наводно, бил снимен на камера, а видеото било прикажано на неколку грчки медиуми и се делело на социјалните медиуми, но полицијата сè уште не ја потврдила нивната автентичност.

На снимката, која што извори тврдат дека е дел од истрагата, може да се забележи маж кој наликува на Костопулос, како се обидува обидува да се ослободи од заклучена продавница за накит со разбивање на стаклената врата на продавницата со апарат за гаснење пожар. Потоа го покажува како се обидува да излезе од затворена продавница кршејќи го стаклото, додека двајца мажи постојано го удираат. Откако повреден паднал на земја, го опкружува толпа луѓе, претепаниот човек потоа се обидува да стане, пред да биде опколен од полицијата, која му става лисици на рацете и го однесуваат на носила.

Костопулос почина на пат кон болницата, изјави полицијата за атинскиот весник “Катимерини”. Според извештајот за форензичар, не се познати точните причини за смртта, а резултатите од аутопсијата се очекува да бидат објавени неделава.

Според лекарите, тој имал модринки по телото – мали повреди кои не можелле сами по себе да предизвикаат смрт, поради што ќе продолжат понатамошните лабораториски анализи.

Сопственикот на продавницата за накит и сопственикот на сосдниот дуќан се уапсени и моментално се наоѓаат во притвор. Тие, наводно, ги виделе двајцата мажи што го удирале Костопулос на видео снимката.

Првичните извештаи за новинарите тврдеа дека Костопулос бил вооружен со нож и се обидел да ја ограби продавницата за накит.

Преку јавен Фејсбук пост грчкиот активист на ЛГБТК, Григори Валианатос, изјави дека Костопулос отишол во продавница за накит во потрага по засолниште откако избила тепачка во кафулето во кое што седел.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток