Македонија

Нов директор на државниот завод за ревизија – Максим Ацевски?

По две години блокада – економистот Максим Ацевски е предложен за нов главен државен ревзиор. Политичките партии постигнаа договор за оваа важна институција, а одлуката едногласно, со 13 гласа ЗА – ја донесе Комисијата за избори и именувања.

Предлогот на Комисијата се очекува да помине и на пленарна седница која се очекува да се одржи најдоцна до 11 декември. За претседателот на собраниската Комисија, многу е важно изборот на директорот на Државна ревизија да биде пред изборите.

Инаку вчера на Комисијата поминаа уште два други предлога, директор на Управата за заштита на личните податоци да биде екс пратеникот на ДПА, Имер Алиу, а Пламенка Бојчевска е предложена за претседателка на Агенцијата за пристап до слободни информации.

фото: Архива

На почеток