Овчари во Дебрца од забава длабат знак на камен на нивата каде што го чуваат стадото, а потоа на трагачите по злато од блиското село им јавуваат за тоа. Тоа за копачите бил доказ дека на тоа место има злато и ја раскопуваат целата нива, но ништо не наоѓаат, објави СДК.МК.
За ова знаат и охридски археолози, бидејќи и кај нив се јавувале луѓе од овој крај со информација дека на некој камен имало чуден знак, што за нив било доказ дека под него се крие злато.
„Уште кога бев директор на Завод и Музеј во Охрид ми се јавија неколкумина жители од Дебрца кои ми рекоа дека на некоја нива имало камен на кој бил издлабен некој чуден знак. За нив, тоа било доказ дека под него има некое богатство, најчесто злато. Ние ги игнориравме таквите повици, но во една прилика решивме да провериме за што се работи”, вели археологот Паско Кузман за СДК.МК