Видео и Фото

ВИДЕО: Пет лица загинаа откако еруптираше вулкан во Нов Зеланд, бројката ќе расте

Петмина загинаа, а неколкумина се исчезнати откако еруптираше вулкан во Нов Зеланд, потврдија властите.

Група туристи беше видена како шета околу вулканот на Вајт Ајленд непосредно пред тој да еруптира. Полицијата кажа дека 23 луѓе се спасени, но предупреди дека бројката мртви би можела да расте. Во областа моментално е преопасно за да се спроведе спасувачка операција.

Вајт Ајленд, кој е во приватна сопственост, е еден од најактивните вулкани во Нов Зеланд, но и покрај тоа, посетите на туристи се многу чести.

На почеток