Македонија

Камчева категорична дека Боки 13 сите упатства ги добивал од Катица Јанева

На денешното рочиште за „Рекет“,  сведочи Сoпругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева.  Таа отворено зборува за периодот во кој имала контакт со обвинетите.

Камчева кажа дека преку Зоран Милески Кичеец, Боки 13 барал да се повлекуваат текстови од портали поврзани со синот на ексшефицата на СЈО Катица Јанева.

„Милески ме викна во Александар Палас и ме тераше да кружиме околу хотелот. Ми рече дека Боки е многу вознемирен за текст на порталот ‘Сведок’ во кој пишувало дека синот на Катица Јанева е вработен во 1ТВ. Му реков дека не знам ништо за тоа, дека немам време да читам портали, но тој ми рече кажа морам да најдам начин текстот да биде повлечен“, истакна Камчева.

Камчева беше категорична дека Боки 13 сите упатства ги добивал од ексшефицата на СЈО, Катица Јанева.

„Бојан точно ги знаеше сите чекори, тој беше во постојана комуникација со специјалната јавна обвинителка и ја ставаше на спикерфон секогаш кога зборуваше“, рече Камчева додавајќи дека на првата средба Боки 13 не побарал пари од неа, туку се повикал на своето влијание.

 

 

На почеток