Македонија

Уште не стапен на сила, владата го укина законот за тровија на зелените пазари

Пазарџиите може да здивнат. Уште не стапен на сила, владата одлучи да го укине законот за тровија на зелените пазари.  По долгите анализи било увидено дека примената на законот сепак ќе нанесе штета и на државата и на пазарџиите. Владата на денешната седница го прифатила предлогот на министерството за економија законот за трговија на зелените пазари да престане со важност со кој се предвидуваше секој што продава на тезга на зелените пазари да мора да вади годишна лиценца.

Владата по скратена постапка очекува во собранието до нова година да се усвои предлогот за укинување на законот за зелените пазари а во меѓувреме министерството за економија најави дека работи на изготвување  на нов закон кој треба да биде поволен за сите вклучени во овој процес особено за пазарџиите.

фото: Архива

 

На почеток