Свет

Силен земјотрес во Грција, се тресе и Турција

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во морето во близина на островите Крит и Касос. Засега нема информации за материјална штета или жртви, јави грчката агенција АНА. Земјотресот бил регистриран неколку минути пред полноќ, на длабочина од 27 километри, со епицентар на 75 километри источно од Агиос Николаос, односно 377 километри југоисточно од Атина.

Умерени земјотреси се регистрирани доцна синоќа во Турција. Првиот потрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 23:14 по локално време, на 127 километри југозападно од Бурса. Вториот земјотрес, со интензитет од 4,5 степени е евидентиран 10 минути подоцна, во истиот регион. Третиот потрес, со јачина од 4,4 степени, повторно со истиот епицентар, бил регистриран 30 минути после првиот.

фото: Архива

 

На почеток