Магазин

(ВИДЕО) Хрватите во шок – Афричка дива мачка снимена како лута по полињата и нивите

Паника во Хрватска. Локалното население од Туропоље во Хрватска се изненадени од веста дека по нивните полиња и ниви шета лута афричка дива мачка.

На снимката која ја објавија локалните медиуми се гледа голема мачка која наликува на рис.

Станува збор за мачка со средна големина која може да порасне до 60 cm и да постигне тежина од 18 Kg. Во главно се храни со глодари и мали птици. Поради својата убавина на црниот пазар достигнува цена од 10.000 долари.

Стручните лица од ветеринарниот факултет потврдиле дека се работи за сервал.

Неофицијално ова животно во текот на летото му избегало на сопственикот од Словенија.

Инаку Сервал  е африкански предатор од семејството мачки, сличен на Африканската златна мачка и каракалот. Тој е еден од најголемите претставници од седумте видови на Мали мачки, кои го населуваат континентот. Предците на сервалот се и првите мачки кои ја населиле Африка. Поради своето тело и дамките по крзното често се нарекува мал гепард, но и покрај тоа сродство меѓу двата вида не е толку близок, колку со други африкански мачки.

Една од особеностите кои го издвојуваат од останатите претставници на семејството мачки е дека сервалот сака вода и се придржува кон водните извори. Оваа неговата функција во однесувањето и присуството на специфични еколошки карактеристики се причина да боледува почесто од шистосомијаза. Сервалот води релативно таен начин на живот и главно се храни со глодари, како птици, зајци, мали антилопи, змии, жаби. Не е опасен за луѓето, туку напротив – тој самиот често станува нивна жртва.

фото: Курир.рс

На почеток