На предлог на Министерството за финансии, Владата ја усвои ревидираната Фискална стратегија на Република Северна Македонија 2020-2022 година. Ревидираната Фискалната стратегија е во согласност со Законот, се усвојува за период од три години и со неа се предлагаат насоките и целите на фискалната политика, основните макроекономски проекции и показатели, се утврдуваат износите за главните категории проценети приходи и одобрени средства за тој период, како и проекциите за буџетскиот дефицит и долгот.
Ревидирањето на Фискалната стратегија на Република Северна Македонија за 2020-2022 година е во согласност со праксата на развиените земји и е неопходнo заради промените настанати во текот на 2019 година во однос на макроекономските и фискалните параметри.
фото: Влада
