Свет

Амерканец спасен благодарение на виртуелниот асистент

18 годишниот Гаел Салцедо на 10 декември бил на пат кон својот колеџ во Ајова кога поради замрзнатиот пат загубил контрола над возилото и  паднал во замрзната река. Салцедо се сеќава само на последните моменти пред да падне во реката.

„Не знаев каде ќе завршам и не знаев што да правам. Се сеќавам дека помислев оти веројатно ќе умрам“, рекол Салцедо, а пренесе Си-ен-ен.

Тој се соземал дури кога возилото почнало да тоне и ги спуштил прозорците. Водата на реката била со температура под точката на замрзнување.

Не можел да го најде својот „ајфон“, па побарал помош од виртуелниот асистент и викнал: „Сири, повикај брза помош (911)!“

Противпожарната служба од градот Мејсон бргу одговорила на повикот и пристигнала на местото на настанот, но не биле во можност веднаш да ја отворат вратата на возилото поради исклучително силните речни струи.

„Морав да излезам. Рацете ми замрзнуваа. Повеќе не можев да ги чувствувам нозете“, рече Салцедо.

„Постојано паѓав и ги молев спасувачите да ми помогнат. Едвај можев да излезам од реката“, изјавил тој.

Салцедо на крајот со помош на спасувачите успеал да излезе од ледената вода, а на брегот го чекало амбуантно возило, кое го пренело во болница. Тој бил пуштен неколку часа подоцна, без сериозни повреди.

На почеток