Македонија

Пендаровски за „Рекет“: „Мораме да го завршиме тој случај  до крај“

Претседателот Стево Пендаровски запрашан дали очекува правна разврска во случајот „Рекет“ истакна:
– Ние мораме да имаме правна разврска, не само во овој случај во меѓувреме се појавуваат и други случаи јас очекувам и за тоа да има процедура поведена. Мораме да го завршиме тој случај  до крај како што мораме да ги завршиме до крај сите случаи кои ги споенав досега кои се индицирани во снимките, не само заради тоа што треба, а треба за приклучување на Евроспаката унија и отварање на преговори но и заради нас. Ние децении, децении зборуваме за тоа дека треба да има правна држава , Европската Унија со деценија наназад не предупредува дека нема правна држава на ниво кое треба да го има земја кандидат и земја утре членка на Европската Унија и ако ние дојдеме до половина пат, еден двајца ако осудиме, а другите ќе ги оставиме на страна ние не можеме да претендираме да бидеме дел од модерното европско семејство на народи и држави, рече денеска Пендаровски.
Фото: Архива
На почеток