Колони подолги од оние во летниот период имаше деновиве на преминот Меџитлија-Ники на македонско-грчката граница. Битолчани нагрнаа на шопинг во маркетите во Лерин, каде деновиве имаше попуст на јакни и планинарска опрема. Најгусто беше во понеделникот, за државниот празник Свети Климент Охридски, кога според вработени на граничниот премин, во Грција влегле дури 7.000 лица, објави СДК.МК.
Слично беше минатата недела, само во обратен правец, кога жителите од пограничните села и градови во Грција нагргнаа да купуваат поевтина гардероба во Битола поради попустите за таканаречениот Црн петок, пишува СДК.МК.
фото: СДК.мк