По денешната прес конференција Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговараше на новинарски прашања. Запрашан за скандалот за централата ТЕ-ТО, во кој постојат сериозни индиции за перење на пари кој ги извлекол од Македонија рускиот олигарх Леонид Лебедев и со тоа и наштетил на акционерите во оваа компанија, но и наводите дека се вмешани луѓе од Владата Николоски вели:
„Видовме доста реакции на луѓе кои што биле и се акционери во топлификација и кои што се чувствуваат загрозени, односно, практично акциите им се обезвреднети. Она што не загрижува е што директно има инволвираност на највисоките луѓе од власта. Индикативен е судирот на интереси со потпретседателот на владата, кој што тргувал со електрична енергија заедно со оваа компанија. А најиндикативно е што на вака изнесени факти и аргументи во јавноста, сеуште нема никаква реакција ниту од министерството за внатрешни работи нити од Јавното обвинителство. Ги повикуваваме да постапат соодветно на законските надлежности кои што ги имаат, затоа што за две до три недели ќе има промени во министерството за внатрешни работи и ќе може да се види што се прикривало, а што се работело како што треба да се работи. Ниеден криминал не останал скриен, нема да остани ни овој криминал скриен и треба во корист на граѓаните да постапат институциите со цел да се разреши. Имаме даночна евазија, и исто така имаме загрозување, практично, на поголем дел од Скопје кој што добива топлинска енергија од компаниите поврзани со оваа компанија, која што ја спомнавте“, истакна Николоски.