Македонија

Обвинение за случајот со Mеѓународниот сојуз на Боки 13 ќе има другата година

Обвинение за случајот со Mеѓународниот сојуз на Боки 13 ќе има другата година.  Русковска вели дека очекува на почетокот од јануари да почне со кривично гонење на Ременски, таткото на Боки 13, асистенката и Јасна Мандиќ.

Инаку пратеничката и потпретседателка на Собранието од СДСМ, Фросина Ременски, вчера во Обвинителството за организиран криминал и корупција повеќе од пет и пол часа  правеше увид во доказите за случајот поврзан со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, каде што таа е почесен претседател.

Инаку Ременски е осомничена дека помагала во извршувањето на делата „Измама“ и „Перење пари“ за кои се осомничени пет физички лица, и тоа заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, како и самиот Бојан Јовановски.

фото: Архива

На почеток