Македонскиот документарен филм „Медена земја“ влезе во потесниот избор на годинешниот номинации за наградата Оскар за најдобар документарец и странски филм.
Американската филмска академија го објави потесниот избор филмови во 9 категории. На 13 јануари ќе се изберат по пет кои ќе добијат номинација за Оскар.
Во категоријата најдобар странски филм избрани се 15 филмови од 159 пријавени, а „Медена земја“ за номинација ќе се бори со „Адвокатка“, „Американска фабрика“, „Аполо“, „Аполо 11“, „Акварела“, „Најголемата мала фарма“, „Пештерата“, „Работ на демократијата“, „За Сама“, „Големото хакирање“, „Урни ја куќата“, „Девојка’, „Полноќно семејство“, „Нација со по едно дете“.
Во категоријата најдобар документарец во потесниот избор влегоа 10 филмови од 91 пријавени. Со „Медена земја“ избрани се и „Обоена птица“ од Чешка, „Вистина и правда“ од Естонија, „Клетници“ од Франција, „Оние што останаа“ од Унгарија, „Корпус кристи“ од Полска, „Сучка“ од Русија, „Атлантикс“ од Сенегал, „Паразит“ од Јуна Кореја и „Болка и слава“ од Шпанија.
„Медена земја“ е македонски кандидат и за Оскар за најдобар странски филм, но во категоријата за најдобар документарец се квалификува поради победата на фестивалот Докавив во Тел Авив.
Оскарите следната година ќе се доделуваат малку порано од вообичаениот термин, на 10 февруари во Долби театарот. Членовите на академијата до 7 јануари ќе гласаат за потесниот избор и на 13 јануари ќе се изберат по пет номинирани филмови за секоја категорија.
фото: Архива