Македонија

8.000 фирми побарале субвенции за поголеми плати за вработените

8.000 фирми досега побарале субвенции од државата за зголемени плати на 45.000 вработени, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска. Таа додаде дека 1.300 работодавачи за 47.000 вработени се уште не го оствариле ова право од технички причини.

– Станува збор за технички грешки кои не се од страната на УЈП, туку од страната на фирмите и очекуваме дека ќе се надминат, рече Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање.

За октомври и ноември фирмите треба да добијат 58 милиони денари за да може да исплатат поголеми плати, а за декември ќе се знае до крајот на годината.

Владата донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари. Работодавачите што ќе им ја зголемат платата на вработените ќе добијат поддршка во форма на субвенционирање на здравствените и социјалните придонеси, за износот на покачувањето. Субвенционирањето е дел од мерките за економски развој и за задржување на вработените во земјата.

фото: Архива

На почеток