Коментари

Богоевски: Дами и господо од ДУИ, со кочењето на пописот, вие не’ сместивте под Сомалија

ФБ статус на Павле Богоевски. Тој напиша:

ДУИ смета дека пратеничките места треба да бидат распределени не согласно волјата на граѓаните, туку врз основа на резултатите од пописот во 2002ра година.

Така, во Собранието 77 пратенички мандати би биле за Македонците, за Албанците 30 пратеници, 5 за Турците, за Ромите 3 пратеници, Србите 2, а Власите, Бошњаците и другите би имале по еден пратеник. Велат дека моделот на една изборна единица е штетен за соодветната и правична застапеност.

Настрана фактот што овој концепт е чиста глупост, обична предизборна фолклор пропаганда и во својата с’рж е недемократски – тие сакаат практично да забранат Македонец да може да гласа за Албанец, Турчин, Ром и обратно. Основниот проблем тука е пописот од 2002ра година. Република Северна Македонија има најголема пописна пауза во светот. До пред некое време бевме ние и Сомалија, ама во меѓувреме и Сомалија направи попис. Така да, дами и господо од ДУИ, со кочењето на пописот, вие не’ сместивте под Сомалија.

Ви благодариме за тоа.

Понатаму, анализите кажуваат дека доколку во 2016та година, изборниот модел беше со една изборна единица, Албанците немаше да имаат помалку мандати, туку ДУИ ќе имаше помалку мандати.

Со други зборови, со една изборна единица не губат етничките заедници, губат големите партии, на сметка на помалите. Тоа ја збогатува демократијата, овозможувајќи пробив на поинакви политики, кои не се на приоритетните листи на големите партии.

А друштво, крајно време е тоа да се случи.

п.с. Соодветната и правична застапеност се однесува на граѓаните, а не на партиите. Преку поистоветување на концептот партија – нација, никогаш нема да се извлечеме од партизираноста на нашите институции, бидејќи се’ додека една (макар и албанска) партија го прави тоа – сите ќе го прават тоа. Ниту ДУИ, ниту АА не можат да говорат во името на сите Албанци во ова наше едно општество, исто како што ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ не можат да зборуваат во името на сите Македонци.

https://www.facebook.com/PavleBogoevski/posts/10219779343657116

На почеток