Скопје

Жители на Трнодол и Карпош се степаа меѓусебно на јавната презентација на ДУП-от

Жители на Трнодол и Карпош се степаа меѓусебно на јавна презентација на Детален урбанистички план во простории на Урбаната заедница.  Тие не сакаат нова населба над нив, реагираа дека лица, кои не се нивни соседи, со умисла провоцирале на расправата. Револтираните граѓани тврдат дека ниту едно барање не им било прифатено. Жителите на Тронодол обвинија дека се прави манипулација со ДУП-от и со предвидената густина на население во тој дел од градот, за да се отвори простор за нова населба на ридот.

Наспроти ваквите излагања  на изреволтирани жители, градоначалникот смирува. Тврди дека нивните барања се прифатени.

По инцидентот реагираше општината. Од таму велат дека граѓаните на насилен и вандалски начин оневозможиле да се одржи јавна презентација на Предлог ДУП-от за Трнодол.

фото:24.мк

 

На почеток