Папата Франциск ги укина ватиканските прописи за тајност на случаи на сексуална злоупотреба, објави денес Ватикан. Папата го укина ватиканското правило коешто секому кој тврди дека е жртва на свештеничко злоставување му се забранува за тоа да зборува. Правилото познато како „понтификална тајност“ е укинато и за оние кои во Ватикан сведочат на судењата за ваквите злосторства.
Кон информациите за случаите за злоставување треба да се однесува со „сигурност, интегритет и доверливост“, порача папата. Им даде упатство на ватиканските функционери да му се потчинат на цивилното право, со истовремено чување на доверливоста и да им помогнат на властите во истрагите за овие случаи.
Папата Франциск, исто така, ја промени и ватиканската дефиниција за детската порнографија, зголемувајќи ја возраста од 14 на 18 и помалку години.
„Папската тајна“ се смета за највисоко ниво на доверливост во црковниот Закон што опфаќа голем број на административни случаи во Ватикан, како номинации на кардинали, истраги од Секретаријатот на државата и за верска доктина од Собранието. Нејзиното прекршување досега значеше прекин на комуникацијата со Црквата.Специјалната декларација на Папата е наречена Респис и стапува на сила веднаш.
фото: Архива
