Македонија

Куќен 30 дневен притвор за актерката Силвија Стојановска – осомничена за трговија со дрога

Судија на претходна постапка и одреди куќен притвор на актерката Силвија Стојановска и уште едно лице В.Б. по барање на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција,потврдуваат за Фокус од Кривичниот суд. Стојановска не сакаше да одговара на новинарски прашања при излегувањето од кривичниот суд од каде што што беше спроведена во куќен притвор.

Порталот „Јанакизнае“ попладнево објави дека Стојановска била уапсена во врска со заплена на огромна количина кокаин во Шпанија. Детали од истрагата ќе бидат соопштени во наредните денови.

Стојановска која е актуелна по хит-серијата „Фамилијата Марковски“ е мајка на актерките Ана и Јана кои ги има од бракот со покојниот актер Ненад Стојановски.
фото:  Frontline.mk
На почеток