Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ќе распише оглас за нови членови

Владата не само што не нуди решенија, туку само ги продлабочува проблемите, обвини на денешната прес-конференција генералениот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Нема напредок во ниту едно поле и област. Освен секако во криминалот и корупцијата, тоа е единственото нешто што знае да го прави хунтата на Заев. Името, идентитетот, достоинството на македонските граѓани, зародената власт не значи ништо и нема ништо свето. Наша обврска како партија е да се спротивставиме на ваквото назадување. Преку понуда, проекти, нудење на решенија. Постои се поголем интерес на луѓе, квалитетни поединци кои ја сакаат Македонија и сакаат да помогнат, и да дадат свој придонес на тој план“, изјави Јанушев.

Токму затоа, вели Јанушев ќе работиме на дополнително унапредување на капацитетите кои ќе нудат решенија и предлози, но и кои ќе изработат сопствена понуда ангажирајќи ги најдобрите капацитети  и најдобрите поединци и професионалци во оваа држава.

„Во таа насока на последната седница на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за распишување на Јавен Повик: За интерес за кандидирање за членови на Републичките Комисии на ВМРО-ДПМНЕ. Повикот ќе трае до 15-ти декември 2018 година. Се поттикнуваат сите оние кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата да се пријават“, изјави Јанушев.

Генералниот секретар на партијата исто така посочи дека покрај ова, втората одлука која биле  донесена на последната седница на ЦК е одлука за спроведување на ажурирање на членството во партијата. Ажурирањето ќе започне од 01.12 и ќе трае 3 месеци.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток