Почина актерката и режисер Милиана Ленак (Додевска) (41). Таа е основач на „Буден театар“, кој создава претстави за деца, а беше и на чело на Меѓународниот детски театарски фестивал „Фенер“.
Таа беше самохрана мајка, а зад себе остави малолетна ќерка.
Таа е дипломец на театарската академија Крсто Сарафов во Софија, а заврши постдипломски студии по режија на Меѓународната школа на ФАМУ во Прага.
„Буден театар“ од 2015 дава поддршка на децата бегалци од војна, преку креативни активности.
фото: ФБ