Се привршуваат подготовките за што поуспешен дочек на Новата 2020 год. Очекувано Охрид најпривлечна дестинација. Хотелиерите на Охридското крајбрежје рециси ги имаат распродадено сместувачките капацитети на хотелите „Инекс”, „Силекс”, „Гранит”, „Метропол”, „Белви”, „Милениум Палас”. Вообичаено најбројни и овојпат ќе бидат гостите под соседството, пред се Бугарија и Србија. Ќе има и гости од Црна Гора, Косово, Грција, како помал број гости од Полска, Словенија, Турција.
Цените на хотелските аранжмани за новогодишните празници слични на изминатите години, со цени до 160 евра за три дена со свечен дочек на Новата година, зависно од понудата и категоријата на објектот.
Организирано Новата година ќе се чека и во охридски ресторани, со цени слични на минатогодишните, до 50 евра со богато мени и неограничен пијалок. Има и поевтини понуди, но зависно од бројот пијалоци, понудата, забавата, реномето на локалот. Дел од угостителите ќе работат според варијантата на отворен влез, со редовни цени на храната и пијалоците.
Како и секогаш и годинава се очекува да се напочнат викенд становите, а понуда има и од приватните станоиздавачи и издавачи на соби. Кај нив цената на сместување изнесува од 400 денари за легло и од илјада до над три илјади денари за апартман дневно, зависно од локацијата, големината, бројот на легла и категоризацијата.
Инаку во Охрид годинава има и организиран дочек на Новата година на Градскиот плоштад. Задолжени за забавата како што кажаа од локлната самоуправа ќе бидат Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески и групата „Камелеон”. Понудата дополнително ќе биде збогатена со лизгалиштето на мраз поставено веднаш до плоштадот.
фото: Архива