Македонија

Почина академик Ѓорѓи Филиповски еден од оснивачите на МАНУ

Почина академик  единствениот член од првиот состав на МАНУ (1967). Филиповски е еден од основачите на Земјоделско-шумарскиот факултет (1947) и Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” (1949).

Во мај годинава, во МАНУ беше одбележан стотиот роденден на академик Ѓорѓи Филиповски, како единствен жив од тројцата основачи на МАНУ во 1967 година.

Академик Филиповски пред две години, на 98 годишна возраст, учествуваше на прославата на 50 години од формирањето на научната установа. Тој ги воодушеви присутните со својата умствена, па и физичка виталност.

На бината се качи со помош на неговите внуци, но од говорницата половина час течно раскажуваше за почетоците на МАНУ, без потсетник.

Филиповски објавил над 200 научни трудови и 19 монографии во наши и странски списанија. Две монографии му се преведени на англиски јазик во САД. Трудовите му се од повеќе области на педологијата, областа на географијата, генезата и класификацијата на почвите, како и од областа на мелиорациите и ерозијата на почвите. Негово капитално дело е „Почвите на Република Македонија“ во 6 томови во издание на МАНУ.

Комеморацијата за академик Ѓорѓи Филиповски ќе биде одржана во понеделник, 23.12.2019 година во МАНУ во 11 часот, а погребот во 13 часот.

фото: МИА

На почеток