Македонија

Обвинет за предметот “ТНТ, денеска не се појави на судско рочиште – За 1 час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно”, рече судијата

Тони Трајковски обвинет за предметот “ТНТ, денеска не се појави на судско рочиште.  Во 8.40 бил доставен поднесок од Јовица Страшковски, адвокат на ексградоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски  синоќа бил претепан со видливи повреди на главата и телото. Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, соопшти судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот.

Во 6.30 часот адвоактот бил пренесен во болница, имал хематом, со видливи повреди, кажа адвокатот. Колегата Осман и јас стапивме во контакт со надлежниот доктор, но по телефонско јавување, докторот ни објанси дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома.

“За 1 час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно”, рече судијата и даде еден час пауза.

фото: Архива

На почеток